артикулира
артикулираат; артикулирајќи; артикулиран
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Ранг: 9338
1.
Изведе, изведува артикулација, изговори, изговора јасно.
Англиски:
articulate
Албански:
artikulon
Децата тешко ги артикулираат гласовите како што се р и л.
Слично со:
изговори (св.)
2.
Јасно образложи, образложува, претстави, претставува нешто.
Примери:
Овие слоеви во прв ред ја артикулираат свеста за поезијата како уметност на зборот.
Слично со:
образложи (св.)
3.
(се артикулира) Се изговори, се изговара.
Примери:
Постои тенденција да се упростуваат оние согласни групи кои тешко се артикулираат.
Слично со:
изговори (св.)
Изведенки
артикулирање ср.
глаг. им.
глаг. им.